Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Audi A1 доаѓа на есен
23.07.2009
audi-a1-metroproject-quattro-1.jpgОд Инголштад пристигнува една интересна и неочекувана информација. Според одговорните во Audi производството на новиот премиум малечок автомобил кој ќе го носи името А1 стартува на есен.

Иако најавен одамна стартот на производството на А1 не се очекуваше до средина на 2010. Сепак, работите за Audi одат по нагорна линија и марката со беџ четири круга не сака да го загуби моментумот.

Малечкото на Audi нема да се произведува во фабриката во Некарсулум. Одлуката е А1 да се произведува во фабриката на Audi во белгискиот главен град Брисел.

Останатите подробности велат дека првите примероци од така наречената нулта серија наменета за тестирање и презентација ќе се симнат од производната лента кон средината на октомври.

Сепак, останува најавата дека првите примероци наменети за продажба ќе почнат да се симнуваат од лентите малку подоцна, а по создавањето на лагер летото 2010 продажбата стартува официјално.

Директорот на фабриката во Брисел, Алфонс Динтнер, истакна дека кога ќе стартува производството дневно од лентите ќе се симнуваат по 500 примероци од А1, а во 2011 се планира годишно да се произведуваат по 80.000 возила.

Покрај верзија со три врати подоцна треба да се појави Audi А1 со пет врати, а на фотогрaфијата е концептот Audi Metroproject Quattro.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook