|
20.08.2007 |
Најмалиот модел на Audi, A1 кој доаѓа
во две верзии како купе и како родстер, претставен на фотографиите, првпат ќе и
биде претставен на јавноста на салонот во Токио.
Се претпоставува дека А1 всушност ќе биде хибрид и ќе се
произведува во серија помеѓу 80.000 и 100.000 примероци годишно. Oсновниот
модел кој ќе стартува со цена од околу 20.000 евра.
Целта на А1 е да се украдат купувачите на Mini кои во
малечкото од Audi ќе добијат поспортски и помускулест автомобил.
Шефот за развој на Audi, Мајкл Дик
за своето ново чедо вели: „Доколку таткото е среќен додека седи во автомобилот на
својата ќерка, тогаш сме погодиле в центар.”
|