|
Audi четврта година по ред зема учество на така наречениот GTI собир кој се одржува во Австрија под името Worthersee Tour и очекува дека со своите креативни идеи повторно ќе ги освои посетителите.

Годинава Audi подготвува седум дизајнерски теми за својот нов и најмал производ моделот А1 чие официјално производство веќе стартуваше и првите примероци наскоро се очекуваат во продажните салони низ цела Европа.
Audi всушност го претставува својот кит за кој влегува во списокот на оригинални додатоци на Audi, a се однесува на посебни додатоци во внатрешноста, разни налепници на каросеријата, посебни бои и аеродинамички додатоци.
Со сите додатоци Audi ја најавува можноста за персонализација на А1 која очигледно може да оди до бесконечност па така сите идни купувачи од септември кога официјално стартува продажбата на А1 ќе можат да го создадат својот уникатен примерок.
Од Audi најмногу се горди на верзијата Audi Sport која потсетува на рели автомобилите од 1980 години од минатиот век кога Audi со Quattro палеше и жареше на рели патеките ширум светот со својот погон на четири тркала.
Покрај боите на каросеријата кои потсетуваат на тркачот во Audi се потрудиле темата да ја пренесат и во кабината со декоративни налепници за внатрешниот ретровизор од предна страна, оквирите на отворите за проветрување, рачките за вратите, централната конзола и горниот дел од предните седишта.
Тука се и посебните бои за кожата со која е обложен воланот, рачката од менувачот и рачната сопирачка и патосниците. Сите овие тематски додатоци се однесуваат на сите варијанти кои како тема ги нуди Audi.
Аеродинамичкиот кит се состои од сплитер на предниот спојлер, странични завеси и дифузор во задниот браник и нивни комбинации во зависност од тематската варијанта која се обработува, тука се надоврзуваат и хромираните издувни цевки.
Комплетниот аеродинамички кит и боењето на автомобилот во боите на одредена тема чини дополнителни 1.600 евра, плус тука се уште 400 евра за спојлерот поставен на задната врата. Значи 2.000 за комплетен визуелен впечаток од надвор.
Секако сето ова ќе може да се нарача веднаш со стартот на продажбата на A1, но за испорака ќе мора да се почекаат неколку месеци. Од друга страна разубавувањето на внатрешноста ќе чини 575 евра и ќе може да се добие веднаш.
Како украс на крај од персонализацијата доаѓаат леснометалните бандажи во повеќе бои со димензии 7.5 Ј х 18 инчи и на нив се поставени гуми со димензии 225/35 R 18.
За на Worthersee Tour претставени се и дизајнерската варијанта наречена FC Bayern и е направена специјално за да се одбележи успехот влегување во лигата на шампиони. Автомобилот е обоен во боите на клубот и го носи бројот 10, број на играчот Arjen Robben.
Понатаму тука е и драгстер моделот со налепници како пламени од огин, верзијата за на аеродром, и верзиите за организаторот на собирот Worthersee Tour и нивното обезбедување.
|