Get Adobe Flash player
Audi A1 Sportback хибриден концепт
02.10.2008
audi-a1-sportback-1.jpgНа специјална предпремиерна презентација одржана во предвечерието на салонот за автомобили во Париз, Audi го претстави својот хибриден концепт наречен А1 Sportback.

Ова е втор хибриден концепт на Audi кој откако ќе се појави на пазарот на нишан ќе го држи Mini и ќе биде неговиот најголем конкурент. Првиот ваков хибрид што го претстави Audi е Metroproject Quattro.

Следејќи ја поставката од својот компактeн модел А3 Sportback, Audi и А1 Sportback го опремува со пет врати и покрај димензиите од 3,99 m должина и 1,75 m ширина и меѓуоскино растојание од 2,46 m.

Под хаубата е поставен истиот мотор како и кај Metroproject. Се работи за 1.4 литарскиот TFSI врзан со седум степениот менувач со две спојки на Audi, S-Tronic. Бензинецот остварува 150 коњски сили, а при забрзување му асистира и електромотор кој остварува дополнителни 27 коњски сили.

И покрај тоа што примарната намена на електро моторот е да му помага на бензинецот при забрзување, односно да му ја олесни работата при поголеми напрегања, воедно е способен и сам да го задвижува автомобилот на куси релации.

При вклучување електро моторот испорачува и дополнителни 150 Nm вртежен момент, а се напојува од акумулаторски литиум-јонски батерии кои можат да се наполнат и со приклучување на стандардна електрична мрежа.

Ова значи дека A1 Sportback е plug-in хибрид кој со едно полнење на батериите во само електричниот модус на работа има радиус на движење од 100 km и може да достигне максимална брзина од 100 km/h.

Во Audi истакнуваат дека единствената намена на хибридниот погон кај A1 Sportbаck не е само драстично смалување на потрошувачката и емисијата на СО2, туку и обезбедување задоволство при возењето со подигнување на перформансите.

Што значи ова во бројки. Заедничкиот вртежен момент генериран од бензинецот и електро моторот од 390 Nm му овозможува на A1 Sportback да спринтува до 100 km/h за 7,9 секунди, а вкупните 177 коњски сили да достигне максимална брзина од 200 km/h.

При тоа просечната потрошувачка изнесува 3,9 литри на 100 km, а емисијата на СО2 само 92 g/km. Во остварувањето на ниската потрошувачка и емисија на јаглерод диоксид помага и системот старт/стоп.

Дополнително системот на Audi, Drive Select му овозможува на возачот да го одбере начинот на возење, односно да одбере меѓу спортски или поефикасен – поекономичен модус.

Со одбирање на модусот на возење системот ги поддесува одзивот на педалот за гас и параметрите во менувачот - начинот и брзината на менување на степените.

Понатаму системот е поврзан со адаптибилниот систем на суспензија наречен Мagnetic Ride превземен од R8 и од ТТ . Системот во зависност од избраната пограма може да биде комфорен, спортски тврд, или пак, автомтаски да ја поддесува тврдината на амортизерите во зависност од условите на патот, возењето и квалитетот на подлогата.

А1 Sportback лежи на леснометални бандажи од 18 инчи обуени во гуми 225/35 и сопира со помош на огромни вентилирачки дискови од кои предните се со пречник од 312 mm.

Потпирањето напред е изведено по принциот опружна нога од типот McPherson, а назад работи мултилинк оска со четири водилии. За рамномерно пренесување на огромниот вртежен момент на предната оска и стартување без загуби и пролизгување на погонските тркала поставен е нов самоблокирачки диференцијал контролиран од системот ESP.

Audi сеуште молчи околу можноста за сериско производство на A1 Sportback, но според експерите познавачи на марката и на приликите во Инголштад производството е и повеќе од извесно, а во план е и кабриолет.


 

 

 

Facebook