Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Audi A1 тестира под маска
20.10.2009
audi-a1-1.jpgКлопчето мистерија во кое беше завиткан новиот малечок Audi, моделот А1 полека почнува да се одмотува. Доказ е едно од тестните мулиња фатено за време на тестирање.

Инженерите на Audi напорно работат за да го завршат развојот на моделот кој има однапред закажана светска премиера. Сериската верзија ќе се појави во март в година на салонот во Женева.

Без оглед што во Инголштад порано го открија датумот кога А1 ќе се појави пред јавноста сеуште не откриваат никакви детали за малечкото.

Она што може да се очекува е дека под хаубата ќе работат турбо мотори и бензинци и дизели. Дизелите би биле ограничени на новиот 1.6 литарец со распон на снага од 90 до 120 КС.

Затоа бензинската понуда би била значително побогата. Стартот е загарантиран за новиот 1.2 литарски TSI, понатаму доаѓа 1.4 литарскиот TSI во две изведби, додека врвот е загарантиран за истоимениот 2.0 литарец со моќност не поголема од 200 КС.

Моторите снагата ќе ја пренесуваат до предните тркала преку шест степен мануелен менувач, или пак, преку новиот седум степен роботизиран менувач со две спојки DSG. Секако понатаму се очекува и Quattro.

Она што е сто проценти сигурно за А1 е дека покрај почетната верзија со три врати која е прикажана на фотографиите ќе има и верзија со пет врати, кабриолет, кросовер и комби.

Целта е на купувачите да им се понуди сето она што го има и ќе го има главниот конкурент Mini. Годишното производство би требало да се движи меѓу 80.000 и 100.000 примероци.

Цената би требало да стартува од околу 15.000 евра, а продажбата во април 2010.

 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook