Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Audi A3 Cabrio
05.12.2007
audi-a3-cabrio.jpgAudi ја тргна прекривката од A3 Cabrio кој ќе се појави на пазарот во февруари. Автомобилот доаѓа со склоплив платнен кров кој се отвара автоматски за само девет секунди.

Капакот на багажникот е на располагање во две верзии. Сериски се испорачува со полуавтоматизиран начин на отворање, а со доплата се добива целосно автоматизирано отворање. Во оваа верзија капакот е дополнително акустички изолиран за да не пропушта никакви звуци во кабината.

Потребната цврстина на каросеријата е постигната со додавање на носачи од посебно зајакнат челик добиени со обликување на висока температура. Внатре има место за четири патника, а со спуштање на задните седишта багажниот простор расте од скромните 260 на пристојни 674 литри.

А3 Cabrio доаѓа со четири различни моторни понуди. Станува збор за два бензинци и два TDI агрегати. И бензинците и дизелите имаат директно вбризгување и турбополначи и испорачуваат од 105 до 200 коњски сили.

Автомобилот во сите верзии сериски е опремен со леснометални бандажи од 17 инчи и шест степен мануелен менувач. Опциите вклучуваат поголеми тркала од 18 инчи, автоматски менувач S-Tronic и спортски пакет кој се состои од спортски седишта и поцврста суспензија.

Како и кај останатите модели од понудата на Audi стилскиот пакет за разубавување на екстериерот S-line ќе биде на располагање и за А3 Cabrio.

 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook