Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Audi A3 и A3 Sportback со фејслифт
24.04.2008
audi-a3-faceliftet-1.jpgПроизводителот од Инголштад го открива новото лице на својата гама А3 преку претставувањето на двата престижни компaктни модели Audi А3 и Audi А3 Sportback.

Моделот А3 претставен првпат во 1996 испадна дека е неверојатен бестселер бидејќи од неговото претставување па се до денес се продадени преку 1.9 милиони примероци, а кога ќе се фрли поглед на најновиот фејслифт на автомобилот несомнено е дека ваквото темпо на продажба ќе продолжи и во иднина.

Посебно поради врвните технолошки достигнувања кои се вградени во него. Имено новиот А3 доаѓа со најновиот седум степен менувач со две спојки кого во Audi го нарекуваат S Tronic, понатаму следи магнетната адаптибилна суспензија и новиот систем за помош при паркирање поставен и напред и назад.

Голема новина е комплетирањето на А3 Sportback со спортската верзија S3 која до сега беше резервирана само за моделот со три врати. Ова значи дека од сега и Sportbаck доаѓа опремен со 2.0 литарскиот турбо бензинец со 265 коњски сили и постојан погон на четири тркала Quattro.

Направениот фејслифт на каросеријата ни предочува наново обликуван пред браник и нова хауба, поголема предна маска, редизајнирани предни светла со вградени светлечки диоди LED за возење дење и биксенон светла обезбедни со доплата. Нови се и страничните ретровизори со интегрирани трепкачи, рачките за отворање на вратите и задниот браник.

Како и до сега А3 и А3 Sportback доаѓаат на пазарот со осум различни мотори. Пет бензинци и три дизели. Понудата почнува со 1.6 литарскиот бензинец со 102 КС, па следи 1.4 литарскиот TFSI со 125 КС, 1.8 литарецот исто така TFSI со 160 КС, 2.0 литарскиот TFSI со 200 КС, а врвот од понудата е обезбеден за 3.2 литарскиот V6 со 250 КС.

Дизелската понуда ги вклучува 1.9 литарскиот TDI со 105 КС и двете верзии на 2.0 литарскиот TDI со 140 и 170 коњски сили.

Спортските модели S3 и сега S3 Sportback ќе го носат 2.0 литарскиот TFSI со моќни 265 коњси сили.

Новина е што бензинскиот мотор од 1.6 литри е способен да вози и на етанол.

Продажбата стартува на лето по цени кои нема многу да се разликуваат во однос на сегашната понуда на Audi A3 и на A3 Sportback.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook