Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Audi A3 TDI Clubsport
19.05.2008
audi-a3-clubsport-1.jpgОва е вториот Clubsport модел на Audi кој ќе биде претставен на тјунинг шоуто на езерото Вертер, а доаѓа точно една година по претставувањето на оригиналниот концепт ТТ Clubsport.

Не само што гази по стапките на ТТ Clubsport, овој А3 Clubsport гази и по стапките на R8 TDI, бидејќи под хаубата работи модификација на познатиот 2.0 литарски TDI кој во случајов до сите четири тркала преку шест степен мауелен менувач испраќа снага од 221 коњски сили и максимален вртежен момент од 450 Nm.

Но, ова е само дел од приказната. Максималниот вртежен момент се остварува при ниски 1.750 вртежи во минута и е способен да го забрза А3 Clubsport до 100 km/h за 6,6 секунди, а максималната брзина изнесува 240 km/h.

Освен перформанси А3 Clubsport нуди и неверојатен стајлинг. И без да се движи, автомобилот со огромната предна маска, огромните отвори за воздух, надуените арки над тркалата, страничните испакнувања и големото задно крило превземени од DTM болидите, вришти од перформанси.

А3 Clubsport лежи на леснометални бандажи од 20 инчи зад кои напред се сокриваат карбон-керамички дискови со шест клипни сопирачки клешти.

Возачот преку новиот систем „Driving Dynamics” може да поддеси повеќе карактеристики како што се одзивот на педалот за гас, звукот од издувот, осетливоста на ESP и негово целосно исклучување, влијанието на сервото кај управувањето и поддесување на тврдината на „Magnetic Ride” амортизерите.

И како што е случајот со TT Clubsport големи се шансите и А3 Clubsport да го видиме спремен за во серија.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook