Get Adobe Flash player
Audi A4 Allroad Quattro пред премиера
18.02.2009
audi-a4-allroad-quattro-1.jpgAudi ја проширува гамата на A4. Бидејќи седан верзијата и комбито Avant веќе подолго време возат на патиштата време е за освежување со нова поголема и помускулеста верзија.

Погодувате се работи за A4 Allroad Quattro кој како и поголемиот A6 Allroad Quattro има постојан погон на сите четири тркала и секако задолжителните теренски способности.

Од Инголштад најавуваат дека A4 Allroad Quattro светската премиера ќе ја доживее на претстојниот салон во Женева, но бидејќи нема што да се сокрива деталите заедно со цената се објавуваат пред официјалното претставување со цел порано запознавање на светската јавност со A4 Allroad Quattro.

Визуелно A4 Allroad Quattro е исто што и А4 Avant, но со пошироки и напумпани браници, повисок клиренс, пошироки прагови, заштитни црни пластики околу тркалата, дополнителни отвори за воздух на дното од предниот браник кои продолжуваат во заштитна плоча за моторот и нови предни светла за магла.

Предната маска е целосно прекриена со хром, а видливи се и други детали од хром како кровните шини и рамките на предните светла за магла кои му даваат побогат изглед. Со хром се опточени дури и заштитните панели под автомобилот.

A4 Allroad Quattro во должина мери 4.72 m, широк е 1.84 m, а висок е 1.5 m. Меѓуоскиното растојние изнесува 2.81 m, додека клиренсот мери 180 mm. Багажникот има волумен од 490 литри кој со склопена задна клупа се проширува до максимални 1.430 литри и должина расположива за товарање од 1.78 m.

Под хаубата на A4 Allroad Quattro ќе работата еден бензински и два дизел агрегати. Карактеристично за сите е турбо натполнење, директно вбризгување и новиот систем за враќање на енергијата кој ја претвора кинетчиката енергија во електрична кога автомобилот забавува.

Бензинецот е 2.0 TFSI, остварува 211 КС и 350 Nm доволни за спринт до 100 km/h за 6,9 секунди и максимална брзина од 230 km/h со просечна потрошувачка од 8,1 L/100 km.

Првиот дизел на списокот е 2.0 TDI со 170 КС и подеднакви 350 Nm вртежен момент. 2.0 TDI до темпо 100 оди за 8,9 секунди и до максимални 213 km/h. Просечната потрошувачка кај него е 6,4 литри.

Врвот од понудата го обезбедува 3.0 литарскиот V6 TDI со моќност од 240 КС и максимален вретежен момент од мрсни 500 Nm. Спринтот до 100 кај него трае само 6,4 секунди, додека стрелката од тахото се смирува на 236 km/h. Три литарецот во просек троши 7,1 литри дизел.

Вртежниот момент од моќните агрегати до сите четири тркала се пренесува преку стандарден шест степен мануелен менувач и механички централен диференцијал кој ја распределува снагата напред/назад во сооднос 40:60.

Доколку е потребно овој сооднос се менува. Распределбата на вртежниот момент во зависнот од условите на возење можe да се распредели до 65% на предната оска и до 85% на задната.

Покрај мануелениот менувач со доплата на располагање е и S Tronic со две спојки и седум степени на пренос. Опремен со S Tronic, A4 Allroad Quattro добива и автоматско поддесување на одзивот на гаста, и на серво управувањето, кои се менуваат во зависнот од модусот избран на менувачот: Comfot, Auto или Sport.

A4 Allroad Quattro сериски доаѓа со леснометални бандажи од 17 инчи, кровни шини, автоматски клима уред, електромеханичка рачна сопирачка и мултимедијалниот интерфејс на Audi, MMI.

Дополнителната опрема нуди задоволства како дводелен панорамски стаклен кров, електромеханичко управување со задната врата, три зонски клима уред, биксенон предни светла, леснометални бандажи од 18 инчи и аудио систем со 14 звучници специајлно креиран за A4 Allroad Quattro, а потпишан од Bang&Olufsen.

И за крај цената. A4 Allroad Quattro пристигнува кај дилерите кон средина на годината и стартува од околу 37.000 евра.


 

 

 

Facebook