|
Времињата се менуваат, а очигледно со нив и приоритетите. Audi го одбра Мајами за светска премиера на својот знаменосец А8, а сега се врти кон другиот крај и цели кон Москва за премиера на А7.

Инфомрацијата која доаѓа од Инголштад вели дека новото големо купе со четири, односно со пет врати Audi A7 ќе и биде претставено на светската јавност на автомобилскиот салон во Москва кој ќе се одржи во август 2010.
Очекувањата на Audi се дека А7 ќе биде единствениот главен конкурент на Mercedes CLS и дека конечно ќе успее да му земе дел од пазарниот колач.
Продажбата на А7 ќе стартува веднаш по светската премиера и што е уште поважно со цена ќе биде позициониран малку над седанот на актуелниот А6, а тоа значи малку под 40.000 евра или за околу 20.000 евра поевтино од CLS.
Понатаму за А7 се знае дека ќе има верзија со погон на четири тркала Quattro и жешка верзија која аналогно на останатите спортски модели на Audi ќе ја носи ознаката S7.
Она што не се знае за А7 е дали ќе има четири места за седење како CLS, или, пет места за седење, или пак, купувачот ќе може да избира една од двете понудени варијанти.
|