Get Adobe Flash player
Audi A7 оди во серија на крај на 2010
07.07.2009
audi-sportback-concept-a7-1.jpgИнголштад многу ja развлече оддолжи работата со давање вистински одговор за купето со четири врати на Mercedes моделот CLS. Од седиштето на Audi сепак стигнува најава дека тоа ќе се случи во 2010.

Според информацијата одговорот за CLS, односно новиот Audi А7 најверојатно на пазарот ќе пристигне кон крај на 2010, како модел за 2011 и ќе наликува на Sportback Concept прикажан годинава во Детроит. Само не се знае дали А7 ќе биде купе со четири врати, или со купе со пет врати како А5 Sportback.

Висок претставник од Инголштад во интервју за магазинот Auto Motor und Sport најавил дека Audi A7 влегува во сериско производство кон крајот на идната година во погоните во Некарсулум .

Првите примероци ќе пристигнат на германскиот пазар во предвечерието на новата година, додека во останатиот дел од Европа комерцијализацијата ќе стартува на почетокот на 2011.

Еден од позначајните пазари на Audi, Соединетите Американски Држави ќе го добијат Audi A7 во втората половина на 2010.

Дополнително се наведува дека на старт од продажбата европската верзија на A7 под хауба ќе носи V6 бензинец од 2.8 литри со моќност од 204 КС, додека за во САД моторот V6 ќе има зафатнина од 3.0 литри и ќе испорачува 300 КС.

Набрзо по стартот на продажбата Audi A7 ќе се појави и со бензински V8 со моќност од 394 КС, додека за евентуално користење на дизеслки агрегати сеуште не станува збор.

Затоа пак со гордост се најавува верзијата RS7 во која ќе се сокрива монструозниот V10 битурбо кој рaботи во RS6 и RS6 Avant и ќе има моќност од 600 КС.

На почеток Audi A7 ќе се нуди со мануелен менувач со шест степени, или пак, со автоматски менувач со осум степени на пренос. Меувачот со две спојки и директна акција со седум степени на ред ќе дојде подоцна.

Audi во Европа ќе го нуди А7 со погон напред, но и погон на четири тркала, додека верзиите што ќе бидат наменети за пазарот во САД исклучиво ќе имаат погон на четири тркала.

Суспензијата на A7 ќе биде воздушна за да може со комфорот да му парира на својот лут конкурент од Штудгарт, Mercedes CLS. Audi очекува дека годишно ќе произведува околу 40.000 примероци од А7.

 

 

 

Facebook