citroen-c4-aircross-1-2012-1
Citroen C4 Aircross е на праг

Citroen ја проширува својата гама со кросоверот С4 Aircorss чија светска премиера ќе се случи на салонот во Женева

 
Get Adobe Flash player
Audi бележи рекордна продажба
09.07.2007
audi-a5Audi во првата половина од годината продаде преку половина милион автомобили. Зголемување од 9,8 проценти во однос на минатата година и нов рекорд за луксузната марка.

Со продадени 509.000 возила Audi е на добар пат една година порано да ја оствари целта поставена во 2008 за продажба на милион автомобили.

Моделите на Audi сега се продаваат на 41 различни пазари низ цел свет, но како и секогаш Европа ја носи главнината од продажбата со големи 372.300 автомобили.

Пазар со најголем раст досега е Русија со 7.272 автомобили или 76,3 проценти повеќе во однос на истиот период од лани.

За несреќа Audi сеуште не успеал да ги освои САД како најголем и најважен пазар за автомобили на светот. Продажбата преку големата бара изнесува само 45.711 автомобили.

Сепак, со претставување на дваесетина нови модели во годините што доаѓаат плановите на Audi за искачување на продажбата на преку 1,5 милиони автомобили ширум светот не се неостварливи.

 

 

 

Facebook