|
28.05.2009 |
И покрај светската економска криза од која автомобилската
индустрија е една од најзагрозените гранки, Audi, сепак
одлучи на своите работници да им додели премии за изминатата 2008.
Патем Audi е единствениот производител на премиум автомобили кој
дополнително ќе ги плати своите работници. Mercedes и BMW годинава
одлучија од заработката во 2008 да не поделат бонуси.
Од Инголштад пристигна информацијата дека Audi
AG ќе подели 157 милиони евра во вид на премии за своите работници по рекордната,
за минатата година, оперативна заработка од 2.77 милијарди евра што е за 2,5%
повеќе од оствареното во 2007.
Премии на платите е добијат околу 43.000 квалификувани
работници кои работат во погоните на Audi во Инголштад и во
Некарсулум. Во просек секој од нив ќе добие бонус од 3.651 евра.
|