Get Adobe Flash player
Audi е се попопуларен во Кина
09.10.2009
audi-proizvodstvo-kina-1.jpgОдговорните во Инголштад задоволно ги тријат рацете кроејќи нови планови и повисокои проекции за вгодина откако продажбите на Audi бележат значителен раст на пазарот во Кина.

Извештајот за месец септември вели дека во Кина продажбата на Audi скокнала за цели 37% што воедно е најголем раст на продажбата на автомобили во најбројната земја на светот.

Audi соопштуваат дека само во септември се продадени повеќе од 15.000 автомобили во Кина, додека за деветте месеци од годината се продадени 108.859 возила што е раст од околу 20% во однос на истиот период лани.

Најпродавани модели на Audi во Кина се А4 и А6 кои бележат раст на продажбата од 53%, односно 16%.

Audi е на добар пат да забележи рекорд во годишната продажба, вели директорот за продажба на компанијата Петер Шварценбауер. Затоа компанијата за вгодина ќе го зголеми производството на погоните во Чанчун и планира дополнително разгранување на мрежата дилери и подобрување на услугата.

 

 

 

Facebook