Get Adobe Flash player
Audi ги престави кабриолетите А5 и S5
03.12.2008
audi-s5-cabrio-1.jpgИако светската јавност во живо ќе може да ги види на салонот во Детроит во јануари, Audi одлучи целосно да ги претстави своите кабриолети еден месец порано.

Стартуваме со S5 Cabrio како повозбудлива варијанта. S5 Cabrio под хаубата го сокрива новиот турбо бензинец со директно вбризгување TFSI кој располага со зафатнина од 3.0 литри распоредени во шест цилиндри во V конфигурација.

Моторот истискува 333 коњски сили и максимален вртежен момент од 440 Nm кои се распоредуваат на сите четири тркала и му овозможуваат на S5 Cabrio да спринтува до 100 km/h за 5,6 секунди и да достигне максимална брзина од електронски ограничени 250 km/h.

Покрај моќноста и одличните преформанси новиот мотор на Audi се грижи и за џебот на сопственикот, но и за зачувување на животната средина со просечна потрошувачка од 9,6 L/100 km.

S5 Cabrio својота намера и класа ја прикажува и преку спортската суспензија, леснометалните бандажи од 18 инчи, полутиот преден браник и заден браник со вгарден дифузор, четирите издувни цевки и повисоко ниво на опременост.

А5 Cabrio делува далеку посмирено и нуди цела палета на мотори. Основниот модел го носи 1.8 литарскиот TFSI кој остварува 160 коњски сили и е спарен со шест степен мануелен менувач.

Над него е поставен 2.0 литарскиот TFSI кој ќе се нуди во две верзии. Првата остварува 180 коњски сили и е способна да го забрза А5 Cabrio до темпо 100 за 8,9 секунди и максимални 219 km/h. Помоќната верзија нуди 211 коњски сили оди 241 km/h, а спринтот до 100 km/h го скусува на 7,5 секунди.

Изненадува потрошувачката кај овој мотор. Послабата верзија во просек троши 7,4 L/100 km, додека помоќната изведба се задоволува само со 6,8 L/100 km.

Врвот меѓу бензиниците што ќе работат во А5 Cabrio е резервиран за 3.2 литарскиот V6 FSI. Моторот развива 265 коњски сили кои го туркаат А5 Cabrio до 100 km/h за 6,9 секунди и максимални 246 km/h, при што просечната потрошувачка застанува на 8,6 L/100 km.

Во понудата на А5 Cabrio се и два V6 дизели. Помалиот со зафатнина од 2.7 литри нуди 190 коњски сили, а пoголемиот со зафатнина од 3.0 литри и 240 коњски сили.

Кога е во прашање изработката на кабриолети, Audi и останува верен на традицијата. Едноставно одговорните во Инголштад остануваат на ставот дека вистиснкиот кабриолет носи мек кров.

Долгорочниот развој на конструкцијата и собраните искуства им овозможиле на инженерите во Audi да направат одлично изолиран мек кров кому му се потребни само 15 секунди за да се отвори и 17 секунди за да се склопи.

Секако сите оние кои зиме сакаат да го сочуваат платното и да го продолжат векот на експлоатација ќе можат да нарачаат дополнителен тврд кров кого во Audi го нарекуваат и Акустички кров бидејќи ја намалува бучавата од струењето на воздухот.

Овој кров иако опција ќе го изберат и сите оние кои сакаат да бришкаат на аутобан со максимална брзина.

Функцијата на отворање/затворање на кровот кај А5 Cabrio е автоматска од основниот модел и истата може да се извршува при брзини до 50 km/h, со што престанува потребата на нужно застанување.

Без оглед на подвижниот кров дизајнот на А5 Cabrio е сличен со дизајнот на неговиот покриен брат. Единствено се забележува редизајнираниот заден дел пресудно за сместување на склопениот кров.

Склопен кровот зафаќа простор од само 60 литри, што значи дека во багажникот остануваат расположиви уште 320 литри за сместување на багажот. Далеку повеќе отколку кај конкурентите. Со кренат кров волуменот на багажникот се зголемува на 380 литри.

Без оглед на отворената каросерија цврстината на А5 Cabrio е сочувана и вредностите на торзиско усукување се близу до тие на затвореното купе. Секако дополнителните зајакнувања во подницата ја зголемиле и тежината на автомобилот.

А5 Cabrio доаѓа со богата сериска опрема. Веќе основниот модел стои на леснометални бандажи од 17 инчи, има двозонски автоматски клима уред, радио со CD интегрирано со третата генерација на мултимедијалниот интерфејс MMI кој ги обединува навигацијата, забавата и управувањето со функциите на автомобилот во еден систем.

Производството почнува на пролет заедно со продажбата. А5 Cabrio стартува со цена од 37.500 евра за основниот модел со 1.8 литарски TFSI.

Цените за останатите верзии, како и цената на S5 Cabrio ќе бидат објавени подоцна. Претставените S5 и А5 Cabrio се претставени во сина, односно бела боја.


 

 

 

Facebook