Актуелниот Audi A4 не е само најдобро
продаваниот модел на производителот од Инголштад, тој е најдобро продаваниот
модел во својот сегмент на пазарот во Германија.
Конечно на А4 му успеа во продажбата да го победи својот
најлут ривал и досега најпродаваниот модел во оваа класа BMW Серија 3.
Податоците велат дека во 2008, само во Германија, Audi успеал да
продаде 98.714 примероци од А4. Иако најпродаван А4 не е единствениот модел на Audi кој бележи
раст на продажбата и е најдобар во својот сегмент.
На списокот се и Audi A6 и Audi
TT. Секој до нив во Германија го предводи својот сегмент и бележи продажба од
45.304, односно 10.630 примероци.
Од Audi тврдат дека А4 е вториот најпродаван модел во Германија
минатата година и се наоѓа веднаш зад Volkswagen Golf.
Податоците велат дека продажбата на Audi во Германија, но и
во цела Европа, бележи раст, без оглед на кризата.
Одговорниот за продажба на Audi, Руперт
Штедлер истакнува дека Audi има најголем раст на продажбата во споредба со другите
премиум марки во Европа. „Се надеваме дека благодарение на новите модели што
следат ќе успееме да го сочуваме растот на продажбата,” изјави Штедлер.
Audi A4 се појави на пазарот во април 2008, а наскоро се очекува
да пристигнат и спортските верзии S4 и S4
Avant кои ќе бидат најубав подарок за прославата на 100 годишнината на Audi.
На глобално ниво во 2008 Audi продаде едвај
повеќе од 1 милион автомобили, сепак тука сеуште заостанува зад BMW кој лани
глобално продаде 1.120.000 возила.
|