Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Audi го најавува својот тркач за во DTM
19.07.2011

Audi ги менува плановите за DTM за следната сезона и се подготвува согласно со новите правила. Подготовките одат во насока на сосема нов автомобил кој што ќе го замени досегашниот Аudi A4 DTM.

audi-a5-dtm-concept-1-2011-1

Место со седан Audi во сезоната 2012 влегува со купе, односно купето од серијата А5. Секако автомобилот за во DTM освен ликот и името нема ништо со серискиот модел кој ја доживеа првата модернизација.

Како и останатите учесници во DTM така и Audi го гради својот А5 DTM околу монокок шасија од карбон-фибер зајакната со просторна цевкаста рамка од цевки од легиран челик.

За да се задоволат новите безбедносни норми покрај досегашните задолжителни А и С - носачи постаставен е дополнителен В - носач во линија со главата на возачот.

Страниците на автомобилот покрај карбон-фибер се дополнети со структурни засилувања од вештачки материјали Zaylon и Rohacell кои имаат исклучително голема цврстина и се отпорни на удар, а воедно се лесни.

Со овие засилувања каросеријата на A5 DTM може да издржи удар со четири пати поголем интензитет отколку кај актуелниот тркач. Во новата шасија Audi ја вградува истата техника со мали подобрувања.

Така движечката сила доаѓа од V8 бензинецот со моќност од 460 КС кои кон тркалата се испраќаат преку шест степен секвенцијален менувач, а подобрената аеродинамика ветува и подобри перформанси.

Светската премиера на A5 DTM е закажана за на есен за салонот на автомобили во Франкфурт. Најавата за новиот болид Audi ја испраќа во време кога и BMW најави враќање во оваат престижна тркачкa серија.

Сега се очекувa уште зборот на Mercedes.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook