Get Adobe Flash player

Audi го открива A4 Avant
20.02.2008
audi-a4-avant-1.jpgПристигнува комби изведбата на новиот А4 и почитувајќи ја традицијата на Audi ќе го носи името A4 Avant, а својата светска премиера ќе ја има на претстојниот салон во Женева.

Продажбата стартува два месеци подоцна, а на располагање ќе бидат само пет мотори од кои два бензинци и три дизели. Во споредба со претходникот новиот A4 Avant ќе нуди поспортски изглед и токму затоа очекувањата се големи.

A4 Avant нуди покус преден превис и поголемо меѓуоскино растојание, во должина мери 4,7 метри што се безмалку 12 сантиметри повеќе во однос на предходникот, но затоа каросеријата е многу поцврста, а автомобилот е 10 проценти полесен благодарение на обилното користење на алуминум.

Големите надворешни димензии му овозможиле на A4 Avant да нуди најголем багажен простор во сегменто со зафатнина од 1.430 литри со соборена задна клупа. Кога клупата е крената тогаш волуменот паѓа на само 490 литри.

Како што рековме во новиот A4 Avant ќе работат два бензинци и три дизели со распон на снага од 143 до 265 коњски сили, понатаму се очекува и вeрзијата со 2.0 литарскиот TDI со 170 КС.


 
Get Adobe Flash player