|
27.05.2007 |
Audi по трет пат е најдобра автомобилска марка според студијата AutoMarxX на автомобилскиот клуб ADAC. На второто и третото место се BMW и Mercedes.
Марката со сребрената ѕвезда падна под конкуренцијата со сино бел знак на хаубата. На местата 4 и 5 се пласираа Porsche и Volkswagen.
Споредбата на марките што се објавува на секоја половина година ги опфаќа најважните 33 автомобилски марки во Германија. Резулатот се добива по оценување според повеќе поединечни критериуми. Во категоријата за имиџот на марката Audi се најде пред BMW, а на последните места се Lancia и Chevrolet. Во поглед на силината на пазарниот настап Volkswagen е пред Mercedes, а на крајот на ранг листата се Saab и Smart.
Јапонците се пробиваат напред со задоволството на клиентите: Subaru се најде пред Toyota, а Land Rover и Smart се најслаби. Кај квалитетот на возилото Porsche e пред Аudi, на крајот на листата се Land Rover и Chrysler. На ранг листата што се објавува од септември 2001 досега Mercedes се има искачено најгоре осум пати, а BMW три пати бил прв. Последните два извештаи го покажуваат Audi на првото место.
Во оценувањето на марките сега се вклучува и емисијата на јаглероден диоксид. Најдобра оцена доби Smart, по него следуваат Skoda, Ford и Honda. Последен тука е Land Rover.
|