|
Audi конечно ги открива првите официјални податоци за моторот којшто беше најавен при претставувањето на новата генерација на Audi A6 Allroad, а е развиван во соработка со Porsche.

Станува збор за 3.0 литарски V6 турбо дизел од генерацијата TDI кој сега место еден има два турбо полначи од каде доаѓа и полната ознака BiTDI и благодарение на нив остварува масивна снага и камионски вртежен момент.
Двофазните турбо полначи остваруваат притисок од 3,2 бари и ја заокружуваат моќноста на на 313 КС кои стојат на располагање меѓу 3.900 и 4.500 врт/мин, додека мрсниот вртежен момент турка 650 Nm меѓу 1.450 и 2.800 врт/мин.
Наведните карактеристики откриваат дека инженерите успеале да создадат дизел кој во исто време е еластичен со огромна влечна сила во широко работно подрачје и има желба да се врти.
Моторот покрај A6 Allroad на почеток ќе се вградува и во Audi A6 Avant и во А6 седан и во А7 Sportback. Кај сите модели вртежениот момент се испраќа до сите четири тркала преку осум степен автоматски менувач.
Најбрз од групата е седанот А6 кој до 100 km/h спринтува за 5,1 секунди, додека на А6 Аvant и на A7 Sportback им се потребни 5,3 секунди за истата операција. Максимланата брзина кај сите електронски е ограничена на 250 km/h.
Очекувано најбавен во групата е А6 Allroad на кого од место до темпо 100 му се потребни 5,6 секунди, додека и кај него максимумот завршува вештачки притаен на 250 km/h.
И покрај бесните преформанси кои е способен да им ги понуди на овие големи авотмобили 3.0 V6 BiTDI е исклучително економичен. Во комбинација со системот Start&Stop има просечна потрошувачка од 6,4 l/100 km.
Она што подеднакво одушевува кај 3.0 V6 BiTDI не е само моќноста туки и звукот. Инженерите скроиле посебен издув со помошен канал во кој е вметнат резонатор со дефиниран осцилирачки шаблон кој при проток на издувни гасови испушта сонорен звук како кај високоперформансен V8 бензинец.
Први кои објавуваат цени се британците, кај нив стартот на понудата е од 43.810 фунти, или околу 52.700 евра и се однесува на седанот А6, а ја објавуваме и комплетната табела со цени.
|