Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Audi го прикажува Urban Sportback Spyder
29.08.2011

Откако ги прикажа првите скици од својот нов концепт на градско возило urban Concept, Audi сега ги прикажува и првите компјутерски генерирани фотографии од него и до неговиот отворен близнак.

audi-urban-spyder-1-2011-1

Така во Франкфурт покрај Urban Concept, ќе се појави и концептот Urban Sportback Spyder. Како што велат од Audi концептите не наликуваат на ниту еден модел што до сега го развивала марката и се создадени на сосема нова основа.

Принциот на градба е едноставна и лесна конструкција за висока ефикасност истакнуваат од Audi. Малиот автомобил поставен на леснометални бандажи од 21 инчи во должина мери 3.200 mm, широк е 1.700 mm, а висок е 1.200 mm.

Погонот како што наведовме при најавувањето доаѓа од два електрични мотори од типот e-Tron кои енергијата ја добиваат од литиум-јоснки батерии. Други информации за техниката сеуште нема.

Телото и кај отворената верзија е монокок од карбон-фибер со алуминиумски рамки. Во кабината има две седишта поставени дијагонално едно зад/до друго, а отсуствува покривот во облик на купола на авион.

Место него дизајнерите му поклониле две странични врати со фиксни стакла кои се отвораат нагоре во стил на Lamborghini заради полесно влегување и излегување во тесен простор.

Повеќе информации се очекуваат по премерата.

Audi Urban Concept

Audi Urban Sportback Spyder

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook