|
Audi полека ја исполнува агендата за зголемување на продажбата на глобално ниво. Еден од чекорите е и отворањето на нов погон во Индија и старт на производството на Q5 за тамошниот пазар.

Производството на Q5 ќе се одвива во заедничкиот погон на групацијата VW во Аурангабад каде што веќе се склопуваат седаните Audi A4 и A6 кои како и Q5 се продаваат само на пазарот во Индија.
Продукцијата не е масовна. Во првата година се планира да бидат произведени околу 1.500 примероци од Q5. Производството постепено би почнало да расте за во период од 4 до 5 години од производните ленти во Аурангабад годишно да се симнуваат околу 6.000 примероци на Audi Q5.
Без оглед на производството на А4, А6 и на Q5 во Индија, трите модели не се единствените од програмата на Audi што се продаваат на тамошниот пазар. Купувачите во Индија можат да седнат зад волан и на Audi A8, TT, R8 и на Q7, знaчи безмалку комплетната гама на Audi.
Аudi полека го шири настапот на индискиот пазар. Иако ниту од далеку не е најпопуларната европска марка во последните години забележан е голем раст на продажбата. Од само 732 примероци продадени во 2008, веќе следната 2009 се продадени преку 2.400 автомобили, а во првата половина на 2010 бројката надминува 3.500 автомобили со знакот на Audi.
Според еден од челновите на бордот на директори на Audi, Франк Древес стартот на производството на Q5 во Индија е дел од долгорочната стратегија на марката за освојување на тамошниот пазар.
Древес истакнува дека на пазарот во Индија му претстои бурен развој и Q5 e „вистински производ на вистинско место”.
|