Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Audi и Skoda се најдобри
30.01.2012

Најдобри автомобили за 2012 година според изборот на верните читатели на најтиражниот магазин за автомобили во Европа, Auto Motor und Sport се моделите на Audi и на Skoda.

audi-a1-1-2012-1

Audi однесе неколку награди во категоријата најдобри домашни автомобили, додека Skoda неколку награди во категоријата најдобри автомобили од увоз.

Audi A1 во сегментот на мали автомобили и Audi A4 и А5 во средната класа се закитија со наградата „Најдобар автомобил за 2012”. Малиот модел на Audi доби високи 37,9% од гласовите, а А4 и А5 собраа 24,9% од гласовите

Skoda Superb втора година по ред беше прогласена за „Најдобар автомобил за 2012” во средната класа од увоз со освоени 22% од гласовите. Останатите модели на Skoda: Fabia, Roomster и Octavia го исвоија вторите места во своите категории.

Магaзинот Auto Motor und Sport својот избор го спроведува по 36 пат, а годинава своите гласови ги дадоа 116.273 читатели од цела Европа. Тие можеа да бираат меѓу 311 модели поделени во десет класи.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook