Get Adobe Flash player
Audi ни го открива RS6 седан
12.08.2008
audi-rs6-sedan-1.jpgВеќе пишувавме за моќниот Audi со монструозниот V10 битурбо под хауба, но сега ги имаме првите официјални податоци кои доаѓаат директно од централата во Инголштад.

Audi RS6 ќе ја доживее светската премиера на есен на салонот за автомобили во Париз. Исто како и неговиот постар брат, авантот RS6, под хаубата пакува моќни 580 коњски сили и мрсни 650 Nm вртежен момент кои се испорачуваат на сите четири тркала. А за истите да бидат цврсто залепени за асфалтот се грижат спортската суспензија со динамичка контрола, рецептот на Audi за врвна стабилност.

Биковски снажниот V10 силните коњи ги добива со помош на технологијата на Audi со директно вбризгување FSI, подмачкување на моторот преку сув картер и два турбополначи чив притисок е подигнат на дури 1,6 бари.

Инженерите на Audi уверуваат дека и покрај толкавата моќност моторот снагата ја испорачува течно и рамномерно низ целиот дијапазон на вртежи. Ова се потврдува преку испораката на максималната вредност на вртежниот момент од 1.500 па се до 6.250 вртежи.

Audi RS6 носи 3,4 килограми на една коњска сила што значи дека автомобилот има и повеќе од доволно потенција за да оствари перформанси на еден супер спортист. Катапултирањето до 100 km/h изнесува 4,5 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 280 km/h.

Моќноста до сите четири тркала се испраќа преку шест степен автоматски менувач Tiptronic кај кого се направени значителни подобрувања. Скартено е времето на префрлање на степените, а воедно обезбеден е и покус преносен однос заради подобро забрзување.

Секако возачот по желба може целосно да се потпре на автоматиката, но подеднакво може да одбере да префлра мануелно преку палките сместени зад воланот.

Audi за RS6 стандардно вградува карбон-керамички дискови и леснометални бандажи од 19 инчи. Но, доколку се одлучите за доплата и го одберете пакетот со тркала од 20 инчи ќе добиете и поголеми карбон-керамички дискови.

Нивната димензија тогаш ќе изнесува 420 mm во дијаметар за предните и 356 mm за задните.

Покрај големата сопирачка моќ која е предуслов за голема безбедност RS6 е опремен и со безбедносни системи. од типот предупредување за напуштање на коловозната лента, адаптибилен темпомат, електронска контрола на стабилноста која доколку го одберете Sport модусот кај менувачот, истата може по желба да се деактивира.

Audi RS6 е голем автомобил. Во должина мери 4,93 метри и се разликува од останатите браќа по предната маска направена од една рамка, дополнителните отвори за воздух, адаптибилните светла со специфични т.н. RS6 светлечки диоди за возење дење, надуваните крила, страничните завеси, задниот дифузор, малиот спојлер интегриран во капакот на багажникот и двете издувни цевки, пардон, двата издувни топа од не`рѓосувачки челик.

Кабината изобилува со детали од карбон-фибер, алуминиум, кожа и алкантара и има две тркачки кади. Купувачот може да бира еден од двата волани: мултифункционалниот спортски волан со три пречки и специјален RS мултифункционален спортски волан. RS6 воланот може по желба да биде преслечен со превртена кожа има зарамнет долен дел и на долната пречка го носи беџот на RS.

Дополнителна разлика во однос на обичниот седан прават и посебните индикатори за притисокот во турбо полначот, за температура на маслото и штоперица кои се прикажуваат на централниот дисплеј.

Како што споменавме на почеток RS6 своето огнено крштевање ќе го доживее на салонот во Париз и веднаш потоа стартува со продажба. Цената за сега останува непознаница, но треба да се очекува барем шестоцифрена бројка или нешто близу.


 

 

 

Facebook