|
29.06.2007 |
Знакот на Audi, четирите прстени, денес навршуваат 75 години. На 29 јуни четирите марки Audi, DKW, Horch и Wanderer се споија во Auto Union и од тоа произлезе вториот по големина германски производител.
Секој четврти автомобил во доцните триесетти години беше со знак на Audi Union AG и ги носеше четирите прстени на маската.
Спојувањето на автомобилските производители од Саксонија пред 75 години беше предизвикано од економската криза и под притисок на банката на Саксонија. За седиште на фирмата беше избран Хемниц. За да се избегне конкуренција во сопствените редови, секоја марка си имаше свој домен. DKW произведуваше мотоцикли и мали возила, Wanderer беше задолжен за возила од средната класа, Audi за вишата средна класа, а Horch произведуваше луксузни возила. Во 1969 и NSU се приклучи во Auto Union. По 16 години од Audi NSU Auto Union AG стана Audi AG.
|