Get Adobe Flash player
Audi Q1 со погон од Suzuki SX4
12.08.2010

Полека станува јасно дека купувањето на 20% од Suzuki за Volkswagen е далеку од пари фрлени во ветар, а првичните резултати се евидентни само половина година од остварувањето на зделката.

audi-q1-2010-1

Првата најава од соработката меѓу двете компании е искористување на одличниот погон на четири тркала на Suzuki кој се вградува во кросоверот SX4. Имено истиот погон ќе работи и во новиот малечок кросовер на Audi најавен како Q1.

Новиот Q1 ќе биде поставен на платформата на A1 и ќе се нуди со погон на предни тркала и погон на сите четири тркала и е првата најава за веќе остварената соработка меѓу двете компании.

Имено развојните одделениа и на двете компании веќе работат на заеднички проекти кои покрај имплелемтирањето на погонските спреги вклучуваат и подобрување на ефикасноста на моторотие и создавање на нов евтин автомобил којшто ќе се продава на пазарот во Индија.

Audi Q1 под хаубата ќе пакува цела палета на мотори познати од групацијата VW и на пазарот треба да се појави во 2013. Секако ценовно ќе биде далеку над SX4.

Се очекува дека верзијата со погон напред би стартувала од 22.000 европски банкноти, додека за верзијата со погон на четири тркала клиентите на Audi би требале да издвојат најмалку 27.000 евра.

 

 

 

Facebook