|
06.05.2008 |
Иако Q5 сеуште не се оладил од жешкото претставување пред
светската јавност на салонот во Пекинг во Audi веќе го понудија
популарниот пакет S-Line кој доаѓа од спортскиот оддел Quattro GmbH.
Прва цел на Audi со пакетот S-Line е да се
подобрат возните својства на новиот SUV со помош на
модификуваната суспензија која сега е поцврста и со леснометалните бандажи со
дијаметар од 20 инчи обуени во гуми со ширина 255 милиметри.
Втора цел е визуелниот настап на Q5 кој во
пакетот S-Line доаѓа со затемнети стакла, нов преден браник со поголеми
отвори за довод на свеж воздух во кој е вкомпонирана и хромирана предна маска,
шини на кровот и наново обликуван заден браник.
Соодветно на надворешниот изглед, но и на името на
пакетот, Q5 S-Line доаѓа со спортски предни седишта со лого извезено на
потпирачите и ентериер преслечен со Nappa кожа или со
алкантара. Пoнатаму тука е спортскиот волан преслечен со перфорирана кожа,
детали од четкан алуминиум и прагови на вратите во кои исто така е изгравирано
логото S-Line.
И додека визуелниот лик и подвозјето ги користат
придобивките од пакетот S-Line, моторната понуда останува несменета што значи дека
потенцијалчните купувачи повторно можат да изберат еден бензински агрегат или
еден од двата турбо дизели TDI кои работат и во обичниот Q5.
|