Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Audi Q7 V12 TDI и Q7 Coastline концепт
04.03.2008
audi-q7-v12-1.jpgСместувајќи го својот моќен V12 TDI во Q7, Audi во Женева и го претстави на светската јавност најснажниот SUV на планетата погонет од дизел и доби нов знаменосец во гамата.

Монструозниот мотор со зафатнина од 6.0 литри сокриен под хаубата на Q7 произведува 500 коњски сили и максимален вртежен момент од 1.000 Nm и го прави огромниот SUV еден од најбрзите на светот.

Забрзувањето до 100 km/h трае само 5,5 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 250 km/h. И покрај импресивните перформанси во Audi велат дека овој Q7 не го оптоварува џебот на сопственикот бидејќи во просек троши 11,9 литри.

Q7 V12 TDI воси на адаптибилна воздушна суспензија и лектронски контролирани амортизери со вградени динамички стабилизатори. За овој модел на располагање се леснометални бандажи од 21 инчи кои ги сокриваат сериските карбон-керамички диск сопирачки со пречник од 20 инчи. Напред ги зафаќаат осум клипни сопирачки клешти, а назад со четири клипа.

Внатре патниците уживаат во детали од алуминиум и карбон, теписи од велур и педали од не`рѓосувачки челик. Електрично поддесивите спортски седишта се преслечени со Verano кожа, исто како и централниот наслон и облогите на вратите.

Производството ќе се одвива во одделот на Audi Quattro, a првите примероци се очекуваат на пазарот на средина од годината.

Q7 Coastline концепт
Паралелно со
Q7 V12 TDI, Audi во Женева го претстави и концептот Q7 Coastline. Концептот во основа е Q7 V12 TDI, но со внатрешност инспирирана од светот на наутиката и скапите мега јахти.

Однадвор Q7 Coastline е ист како и V12 TDI со пошироки арки над тркалата, нови брaници, нова маска и огромни отвори за воздух. Разликата е во кабината.

Американски орев е користен за деловите како што се потпирчите за раце на централната конзола и во вратите и рачката од менувачот, а темен чаден даб е користен за подот на багажникот и потпирачите на седиштата. Патосниците се од скапа волна, а облогите на ноачите, кровот и седиштата се преслечени во Valcona кожа.

Перформансите се исти како и кај V12 TDI.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook