Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Audi Q7 во пикап варијанта
18.08.2011

Се појави пикап варијанта на големиот SUV на Audi, Q7 за која сеуште не се знае ништо. Прикажаните фотографии се направени скришно во некоја од халите каде се сокриваат моделите кои се во развој.

audi-q7-pick-up-1-2011-1

Сепак, од Audi не откриваат дали станува збор за прототип на иден модел кој би се појавил во сериско производство, или пак, за идеен концепт кој би се појавил најверојатно на салонот во Франкфурт.

Затоа може само да се претпоставува за што станува збор. Како и да е изработката на пикап верзијата на Audi Q7 делува солидно и потсетува на пикап верзијата на BMW M3 која останува своевиден уникат.

Што ќе се случува со овој модел сеуште не се знае. Доколку е намeнет да се појави во Франкфурт, тогаш со нетрпение го очекуваме. Во секој случај концептот делува интересно и ќе ги привлече љубителите на посебни проекти.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook