Во Франкфурт Audi ја претстави најавуваната електрична верзија на својот супер спортист R8.
Моделот кој нуди спортски перформанси со помош на четири електромотори е
наречен E-Tron.
Намерата на одговорните во Инголштад e со E-Tron, Audi да
застане на тронот на електричните автомобили. Кога
ќе се погледнат техничките податоци сосема е јасно зошто во Инголштад се
убедени во своите намери.
Audi
R8 E-Tron го задвижуваат четири електромотори сместени во
главчините на тркала кои произведуваат максимална моќност од 313 КС и
максимален вртежен момент од неверојатни 4.500 Nm.
Овој вистински Quattro двосед е способен да летне до темпо 100 за 4,8 секунди, или пак, да забрза
од 60 до 120 km/h за 4,1 секунди и да достигне максимална брзина од електронски лимитирани
200 km/h.
Енергијата моторите ја добиваат од пакет на акумулаторски
литиум-јонски батерии кои обезбедуваат доволно џус за E-Tron да
може да мини 248 km со едно полнење за кое е потребно 6 до 8 часа на стандарден електричен
приклучок од 220 V и 16 ампери.
Од Audi најавуваат дека полнењето на батериите може да се скуси на само 2 часа и
30 минути доколку E-Tron се приклучи на електричен извор со висока волтажа од 400 V и 63
ампери.
Пакетот батерии тежи околу 470 kg и е
поставен во централниот дел на автомобилот каде кај останатите верзии на R8 стои
моторот.
E-Tron во должина мери 4,26 метри, широк е 1,90 метри и висок е 1,23 метри со
меѓуоскино растојание од 2,60 метри. Поставен на вага E-Tron
покажува здрава тежина од 1.600 килограми.
Електрониката која управува со испораката на снага на
секој од моторите овозможува дистрибуција, однсоно смалување на сбагата во
зависност од тракцијата на секое од тркалата независно.
На овој начин дополнително се подобруваат возните карактеристики,
а воедно е постигнат и висок степен на активна безбедност. Возните
карактеристики профитираат и од ниското тежиште на E-Tron, но и
од одличниот распоред на тежината предна/задна оска 48:52
проценти поради централно поставените батерии.
Понатаму удобноста е зголемена со вградување на клима
уред со посебна топлинска пумпа која ефикасно ја загрева кабината без претходно
загревање како кај класичните автомобили.
Погонскиот систем и електричното напојување се под
постојан надзор на системот за иновативен термален менаџмент. Тој овозможува максимален комфор на патниците во кабината чувајќи ги од
евентуалните нагли скокови на температурата на погонот.
И на крај системот за комуникација на E-Tron со
околината именуван како Car
X Comunication отвора нови димензии во создавањето максимална
безбедност, комфор и пристигнување на саканата дестинација во најкус временски
интервал избегнувајќи ги сообраќајните метежи.
|