|
01.04.2008 |
На годинешниот избор Автомобил на Светот, Audi
R8 е избран во категориите автомобил со најдобри перформанси и автомобил со
најдобар дизајн за 2008.
Супер спортскиот автомобил на Audi ги освои
двете награди при изборот направен од жирито составено од 47 члена кои доаѓаат
од 24 држави ширум светот.
Во категоријата за изборот за автомобил со најдобри
перформанси на светот, Audi R8 ги освои гласовите благодарение на своите 420 коњски
сили извлечени од алуминиумскиот V8, Исто така Audi
R8 е оценет како автомобил кој поседува зачудувачка прецизност во управувањето
во однос на автомобил од таа категорија.
Минатата година наградата во категоријата на изборот за
автомобил со најдобри перформанси на светот, ја освои Audi RS4, со што
продолжи успешната приказната на Audi во производство на
спортски автомобили.
Еден од познатите експерти за дизајн Том Мантано,
директор на Факултетот за индустријски дизајн во Сан Франциско даде краток
коментар за дизајнот на R8 велејќи: „Дизајнот на Audi R8 е најдобра
визуелна презентација на технологијата што ја поседува возилото, што само по
себе претставува икона во автомобилскиот дизајн.”
|