|
07.05.2007 |
Марката со четирите кругови размислува да произведува уште еден модел во фабриката во Гјор, во Унгарија. Според весникот Vilaggazdasag фирмата ќерка на VW ја проверува исплатливоста на овој потег.
Во моментов во фабриката во Гјор се произведува Audi TT и делови за каросеријата на суперспортскиот R8. Ауди има работен персонал од 5200 лица во оваа фабрика и во 2005 година забележа профит од 300 милиони евра. Покрај TT, таму се произведуваат и по 1,7 милиони мотори во годината.
|