Get Adobe Flash player
Audi RS3 уловен на Нирбургринг
23.06.2010

Тестното муле на најмоќната „тројка” на Audi е уловено како напорно тестира на најпеколната патека на светот Нирбургринг и се подготвува да го маѓепса светот кога ќе пристигне за околу две години.

audi-rs-3-2010-1

Најмоќната „тројка” во најдобрата традиција на спортистите на Audi ќе ја носи ознаката RS, под хаубата ќе пакува моќни 335 КС и ќе биде создадена на основата на новата генерација на Audi A3 која пристигнува в година.

Audi планира новата генерација на А3 да ја претстави идната есен на салонот на автомобили во Франкфурт, а следната 2012 ќе го претстави и RS3. Јасно е дека очекувањата Audi да го направи RS3 на основа на сегашниот модел и со тоа достоинствено да ја испрати актуелната генерација на А3 нема да се остварат.

Она што е сигурно е дека актуелната најмоќна „тројка” S3 послужила како тестно муле за пеколниот RS3.

Што се сокрива под ламарината на навидум обичниот S3 Sportback го откриваат новиот преден браник со сплитер и огромни отвори за воздух во стил на моделите со ознака RS, големите леснометални бандажи и широките гуми со екстремно низок профил, надуваните арки над тркалата и функционалниот дифузор одзади.

Под хаубата на RS3 ќе работи пет цилиндричниот битурбо бензинец со зафатнина од 2.5 литри познат од Audi TT-RS и преку седум степен менувач со две спојки кон сите четири тркала ќе испраќа 335 КС и максимален вртежен момент од 450 Nm.

Според предвидувањата Audi RS3 би требало до 100 km/h да забрзува за не повеќе од 4,5 секунди и да достигнува максимална брзина од преку 260 km/h, а која електронски ќе биде ограничена на 250 km/h.

Со создавањето на RS3, Audi сака да ја прошири гамата на новиот А3 и да го зголеми интересот на купувачите за овој модел што директно ќе влијае на зголемување на продажбата.

Вториот дел од планот е да се создаде реална конкуренција на најмоќниот најмал модел на производителот од Минхен, BMW Серија 1 М кој исто така е на пат да ги освои срцата на зависниците од брзина и да го разбуди детето во возачот.

 

 

 

Facebook