Get Adobe Flash player
Audi RS5 во комби изведба
17.05.2010

BMW не е единствениот производител со свои фанови кои покрај тоа што ги величаат своите миленици на четири тркала и нивниот производител сакаат да даваат свои видувања за идните модели.

audi-rs5-kombi-2010-1

Во групата припаѓа и Audi, односно неговите фанови кои исто така сакаат да го величаат својот омиелн производител на автомобили. Тие подеднакво имаат многу идеи за тоа како би изгледал нивниот совршен Audi.

Оттука произлегува и верзијата Shooting Brake на Audi RS5. Автомобилот којшто е тука за да ја разгори полемиката на фановите е создаден за Photoshop конкурс и претставува визија која најверојатно никогаш нема да заживее.

Но, доборото е во тоа што ја има. Дури и како компјутерски генерирана фотографија.

Audi RS5 Shooting Brake како што гласи полното име на визијата ги носи сите типични елементи на спортското купе на Audi и изгледа подеднакво шик како и оригиналот.

Еден ваков автомобил ќе им одговара на сите оние што живеат брзо, но имаат потреба од дополнителен простор за превоз на својата опрема од која зависи нивното хоби, или пак, им треба повеќе простор за превоз на семејството.

Без оглед дали проектот има иднина или не единствено што е важно е дека уште еднаш имаме прилика да гледаме во еден убаво нацртан автомобил.

 

 

 

Facebook