|
Германската тјунерска куќа Senner Tuning претстави своја визија на Audi S5 Sportback, наречена Grand Prix, која нуди куп задоволства за соптвениците што сметаат дека сериската верзија нема доволно џус.

Инженерите на Senner Tuning најмногу внимание посветиле на доработка на турбо бензинецот 3.0 TSI кој во серискиот S5 Sportback остварува максмални 333 КС и максимален вртежен момент од 440 Nm.
Oткако инженерите на Senner ги замешале своите магични прсти во доработката 3.0 литарецот е способен на асфалтот да испрати 375 КС и максимален вртежен момент од 495 Nm.
Според нив моторот на S5 Sportback може да испорача многу повеќе, но поекстремните модификации ќе следат во иднина откако ќе се направат поопсежни изпитувања во поглед на доверливоста.
За сега од Senner се задоволиле само со ремапирање на управувачката електроника на моторот ECU, поставување на нов спортски филтер со зголемен проток и менување на издувниот систем кој сега завршува со четири издувни топа.
За да го оправдаат името Grand Prix во Senner ги смениле пружините на S5 Sportback и поставиле нови поцврсти кои го приближуваат автомобилот до подлогата за 40 mm напред и 30 mm назад.
Поставени се и нови огромни леснометални бандажи од 20 инчи. Предните со ширина од 9 инчи, а задните од 10,5 инчи. На нив се поставени гуми Vredestein Ultrac Sessanta со диманзии 245/30 напред и 295/25 назад.
Измени има и во интериерот кој сега обилува со детали од карбон-фибер, додека остатокот останува на сериската опрема од понудата S-Line на Audi.
|