Get Adobe Flash player
Audi S5 Sportback спремен за Франкфурт
02.09.2009
audi-s5-sportback-2010-1.jpgВрвот од понудата на A5 Sportback која традиционално во Audi ја носи ознаката S5 одговорните од Инголштад одлучлија да ја прикажат пред да блесне под рефлекторите на салонот во Франкфурт.

Заедно со неа на штандот на Audi ќе блеска и обичниот А5 Sportback, но се очекува токму S5 Sportback да ги привлече посетителите како со полутиот настап така и со можната енергана која работи под хаубата.

Ова елегантно купе со пет врати ќе ги воодушевува возачки настроените ентузијасти со својот 3.0 литарски бензински V6 кој потпомогнат со турбо полнач истискува моќни 333 КС и максимален вртежен момент од 440 Nm расположиви од 2.900 до 5.300 врт/мин.

Снагата на моторот е доволна за да го катапултира S5 Sportback заедно со возачот и совозачот до темпо 100 за 5,4 секунди и да го одведе до електронски ограничени 250 km/h.

Моторот снагата до сите четири тркала ја испраќа преку седум степен S tronic менувач со две спојки. Со доплата сопcтвеникот може да избере и самоблокирачки спортски диференцијал на задната оска која рамномерно го дистрибуира вртежниот момент меѓу задните тркала.

За да се носи со бесните перформанси S5 Sportback носи и комплетно доработено подвозје и нов сетап на суспензијата како и леснометални бандажи од 18 инчи обуени во гуми 245/40.

Во кабината разликата во однос на обичниот A5 Sportback ја прават мали, но битни детали како спортските седишта со електрично местење во сите правци и прсечечени со мазна мека Nappa кожа и изобилството на опрема која доаѓа сериски.

Интересно е што без оглед на зафатнината и снагата на моторот S5 Sportback сепак во просек троши 9,7 L/100 km. Барем така велат во Audi.

И најслаткото доаѓа на крај. Продажбата стартува на пролет 2010 по цена од 57.900 евра.

 

 

 

 

Facebook