|
17.12.2008 |
Плановите на Audi за производство на
хибридни автомобили се замрзнуваат на неопределен период, а донесена е и одлука
да се одложи појавувањето на хибридниот Q5.
Audi покрај работата на хибридна верзија на Q5 работеше и
на хибриден погон за поголемиот Q7, но и тој проект
се отповикува. Одговорните во Инголштад велат дека сега е време средствата да
се насочат кон развој на подобри и поефикасни дизел агрегати.
Гласноговорникот на Audi го изнесе
официјалниот став на компанијата во кој вели: „Audi нема да
работи на развој на хибрид со бензински ниту со дизел мотор се додека не се
постигне поголема сигурност од самозапалување на литиум-јонските акумулаторски
батерии во случај на судар и додека хибридните системи не станат поефикасни.
Дотогаш компанијата ќе се концентрира на создавање на врвни дизели и на обилно
користење на алуминиум при градење на шасијата и каросеријата.”
Audi Q5 и поголемиот Q7 уште
следната година ќе добијат систем старт/стоп со цел намалување на
потрошувачката и емисијата на издувни гасови, пред се СО2, но и низа други
технолошки новини.
Истите ќе бидат откриени со претставувањето на малечкиот
автомобил на Audi, A1 кој на пазарот ќе
се појави во 2010.
|