|
08.04.2008 |
На изборот ораганизиран од Auto Bild ALLRAD преку
40.000 читатели ги изгласаа Audi A4 и R8 за најдобри автомобили со погон на сите тркала. Во
изборот учествуваа 114 модели во 10 категории.
Audi од изборот на најдобар 4х4 на годината си замина со
двојна награда „4х4 возило на годината за 2008” која ја освоија A4
quattro во ценовната категорија од 25.000 до 40.000 евра и R8 во
категоријата на „4х4 купе или спортско возило на годината”.
Но, ова не е единствениот успех на Audi на овој
избор. Audi A5 беше избран за второ најдобро спортско возило, веднаш зад
R8, додека Audi A6 и А8 ги освоија второто и третото мето во ценовна
категорија на возила над 40.000 евра. Во оваа категорија првото место му
припадна на Lexus LS 600h.
Во ценовната категорија под 25.000 евра за автомобили
наградата ја освои Skoda Octavia 4x4. Во пикап
категоријата наградата оди кај Mitsubishi L200, додека кај
теренците до 25.000 евра најмногу гласови освои Suzuki Grand Vitara, до 40.000
евра VW Tiguan, а над 40.000 евра Mercedes M Класа.
|