|
Неколку месеци по претставувањето на е-Тron на салонот во Франкфурт, Audi во Детроит излегува на сцена со нов e-Tron, втората верзија на концепт од гамата на спортски електромобили на Audi.

Целта на е-Tron не е само нова епизода во претставувањето на електричната технологија на Audi, туку приказ на евентуалниот компактен спортски автомобил на Audi кој би бил позициониран под супер спортистот R8.
Подеднакво како и првиот е-Tron и новајлијава е создаден на напредната технологија за конструкција и изработка на шасијата и каросеријата на Audi, ASF – Audi Space Frame.
Технологија која комбинира панели и носачи изработени од легура на алуминиум и композити зајакнати со карбон-фибер. Виско технолошките материјали и овозможуваат на лесната структура на е-Tron да ја зачува ригидноста на една челична просторна шасија без дополнителната тежина.
Затоа е-Tron е во состојба да ја задржи тежината на 1.350 kg и покрај тежината на пакетот од литиум-јонски акумулаторски батерии од 399 kg кои испраќаат доволно енергија за напојување на двата електромотори сместени на задна оска кои можат да функционираат независно еден од друг.
За разлика од поголемиот е-Tron кај кого како и кај R8 погонот е распределeн на четири тркала, новиот е-Tron има погон само на задни тркала иако по изгледот на каросеријата се чини дека моторите и погонот се напред.
Двата електромотори кои имаат сопствен систем за ладење остваруват моќност од 204 КС и максимален вртежен момент од 2.650 Nm што е базмалку половина од вртежниот момент на R8 е-Tron, но сепак е доволно за спринт од 5,9 секунди до 100 km/h и меѓузабрзување до 60 до 120 km/h од 5,1 секунди.
Максималната брзина на електромобилот долг 3,93 метри, широк 1,78 метри и висок 1,22 метри е електронски ограничена на 200 km/h заради спречување на екстремното трошење на батериите кои на овој начин обезбедуваат автономија од 250 km.
Приклучени на стандардна електрилчна мрежа на батериите на е-Tron потребни им се 11 часа за да го дистигнат максималниот капацитет, додека специјална високо напонска мрежа од 400 V времето за полнење се скусува на само 2 часа.
Со поставувањето на два електромотори на задна оска инженерите во Audi истакнуваат дека успеале да го постигнат саканиот распоред на тежина предна/задна оска 40:60, наспроти 50:50 кај R8 е-Tron.
Конструкторскиот тим дополнува дека ваков распоред на тежината се должи и на поставувањето на тешкиот пакет акумулаторски батерии пред задната оска и на новиот е-Tron му овозможува подобри динамички карактеристики.
Чувството зад волан како да се вози картинг го дополнува новото директно електромеханчко серво управување со запчеста летва кое обезбедува многу повеќе повратни информации од вообичаените системи.
Контролата над е-Tron посебно кога при брзо возење во свијоци автомобилот знае да мине во надуправување или подуправување покрај електронската контрола на пролизгување ја вршат и погонските електромотори благодарение на можноста за независно работење еден од друг.
Па така кога е потребно со помош на управувачката електроника се додава или се одзема потребната снага од електрмоторите и на тој начин се смирува автомобилот без да му се ускрати уживањето на возачот.
Стилот на серијата е-Tron и кај новиот концепт се потврдува со препознатливата трапезоидна предна маска, предните и задните LED светла и комплетниот хај-тек лик од надвор и од внатре.
Уникатната светло сина бија и леснометалните бандажи од 19 инчи со 35 пречки обуени во гуми 235/35 напред и 255/35 назад само го надополнуваат ликот на високо технолошко чудовиште.
Audi го најави е-Tron за во серија во 2012. Но, која од верзиите ќе се појави во продажните салони останува да видиме.
|