|
27.11.2007 |
RS моделите на Audi отсекогаш биле
ексклузивни и традиционално се претставувани на крајот од животниот циклус на
автомобилот врз чија основа се конципирани.
„Сето ова ќе се смени,” порачува шефот на одделот Quattro, Вернер
Фровајн и додава дека идните модели RS ќе бидат
претставувани една или најмногу две години по појавувањето на нов модел, а исто
така во план е и зголемување на производството.
На пат се дополнителни високоперформансни модели како што
е Q7 задвижуван од дизелот V12. Останатата понуда ги вклучува TT-RS кој се
очекува наскоро и новиот R8-RS задвижуван од бензинецот V10. Пред да
пристигна овие две верзии светлото на денот ќе го здогледаат лимузинската
верзија на RS6 и сосем новиот RS5.
Фровајн исто така открива дека ќе се зголеми
производството на гамата RS. Во 2007 бројот на перформансни автомобили произведени
во Quattro GmbН изнесуваше 5.300 RS4 и 4.000 R8.
Следната година планирани се 5.500 R8,
5.000 RS6 и дополнителни 1.000 RS4.
|