Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Audi Sportback концепт, претходница на A7
12.01.2009
audi-concept-sportback-a7-1.jpgИзненадувањето што Audi го приреди за салонот во Детроит е наречено Sportback. Автомобилот е концептна верзија на она што во иднина ќе претставува купето со четири врати, А7.

Концептот го носи името Sportback, веќе користено од Audi за верзијата на А3 со пет врати. Sportback во случајов не е само преглед на конечниот изглед на А7, туку е преглед на дизајнот на идните автомобили што ќе излегуват од погоните во Инголшатд.

Со своите 4,95 m должина, 1,93 m ширина и 1,4 m висина, А7, пардон Sportback, влегува во сегментот не премиум лимузини, нуди доживување на купе и се подготвува да биде сериозен противник на Mercedes CLS.

Задвижувачката сила кај Sportback доаѓа од познатиот 3.0 литарски V6 TDI кој своите 225 КС и 550 Nm вртежен момент ги испраќа до сите четири тркала преку седум степениот Tiptronic менувач и перманентниот погон Quattro.

Без оглед што Sportback тежи 1.800 kg, успева да фати темпо 100 за помалку од 7 секунди и да достигне максимална брзина од 245 km/h. Во Audi истакнуваат дека во просек Sportback троши 5,9 литри дизел на 100 изминати километри и има коефициент на отпор на воздух Cd 0.30.

Новиот стајлинг на Sportback, воедно и на Audi забележува нова предна маска, заоблена линија на кровот, отсечен задник, аглести предни светла кои обилно користат LED технологија и нова линија на појасот со раменици како кај врвен атлета.

Внатре најголемо изненадување претставува едноставната и елегантна арматура, кокпитот е свртен кон возачот, а екранот на кој се отчитуваат менијата на MMI системот излегува над отворите за вентилација при стартување на автомобилот.

Кабината на Sportback нуди доволно простор за удобен превоз на четири патници, а багажникот со своите 500 литри волумен може да ја собере нивната комплетна опрема потребна и за подолги патувања.

Една од поголемите иновации кај Sportback е комплетно новата конструкција на предната оска која е направена по принципот мулти линк со пет независни водилки.

Совршеното лежење на пат и впивање на нерамнините го обезбедува системот CDC Continuing Damping Control или континиурана контрола врз амортизацијата со помош на амортизери кои имаат магнетна контрола врз флуидот што работи во нив.

Тука е и електронското серво управување, асистентот за паркирање, карбон-керамички дискови кои ги зафаќаат сопирачки клешти со шест клипа и леснометални бандажи со пречник од 21 инчи.

Сериската верзија на Sportback, или А7, се очекува да се појави на пазарот во првата половина на 2010, а премиерата би требало да се случи на салонот во Франкфурт на есен годинава.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook