Долго најавуван и постојано на мета на ловците на
автомобили најбрзиот сериски Audi ТТ кој ја носи историската наставка во името RS конечно ги
откри своите атрибути пред јавноста.
Со двете верзии на TT-RS купето и
родстерот, Audi го претставува и својот нов пет цилиндерски турбо
бензинец со директно вбризгување и зафатнина од 2.5 литри кој остварува извонредни
340 коњски сили.
Покрај големата моќност новиот мотор карактеристично за Audi остварува
висок вртежен момент кој има констатна максимална вредност од 450 Nm од
1.600 врт/мин до 5.300 врт/мин.
Моќноста и вртежниот момент се доволни за TT-RS да фати
темпо 100 за 4,6 секудни, односно 4,7 секунди родстерот и лесно да ги достигне
максималните електронски ограничени 250 km/h.
Или, доколку на Audi му платите екстра
и потпишете изјава за ослободување на компанијата од одговорност инженерите ќе
ја отстранат електронската блокада и тогаш ќе бришкате со максимална брзина од
280 km/h.
И купето и родстерот моќноста до сите четири тркала ја
испраќаат преку шест степен мануелен менувач кој доаѓа во серија.
Сопирачкиот систем се состои од вентилирачки дискови напред
и назад со дијаметар од 370 mm, односно 310 mm, а секој диск го
зафаќаат четири клипни сопирачки клешти.
Една од главните придобивки на ознаката RS е
вграденото копче Sport со чиво притискање се менуваат карактеристиките на
моторот, одзивот на педалот за гас и се отвора дополнителен „лептир вентил” во издувот
доволно да се ослободи протокот на издувни гасови и поправи звукот кој станува
помоќен.
Сериката електронска контрола на стабилноста има посебен
софтвер кој повеќе одговара на спортски стил на возење што значи дека системот
дозволува пролизгување на тркалата и лизгање на задникот при излез од свијок до
одредена мерка.
Оние што сакаат екстремности едноставно го исклучуваат и
можат во целост да уживаат во благодетите што ги нуди TT-RS.
Audi TT-RS стои на леснометални бандажи од 18
инчи, погонот е постојан на четири тркала, со суспензијата управува посебен
електронски менаџмент, а фиксното задно крило и дифузорот го зголемуваат
потисокот врз подлогата.
Аudi паралелно ќе ги лансира и купето и родстерот кон средина
на годината.
|