Токму така оваа супер спортска верзија би требало да ве
натера да заборавите на неодамна претставениот TTS на салонот
во Детроит, доколку сакате најбрзиот ТТ да ви лежи в гаража.
Извори во Инголштад потврдуваат дека на пат е уште
помоќна и побрза верзија од купето на Audi која најверојатно
ќе го понесе името TTRS, но под хауба нема да го носи големиот 4.2 литарски V8, туку,
неговите перформанси ќе профитираат од новиот 2.5 литарски пет цилиндарец со
турбо полнач. Но, за жал сеуште неможе да се види на фотографија.
Се зборува за моќност од 350 коњски сили кои ќе се
пренесуваат на подлогата преку, шест степен мануелен или DSG менувач и
погон на четири тркала.
Бројките од перформансите што ги наведуваат од Инголштад
се импресивни. Спринт до 100 km/h за помалку од 5 секунди и максимална брзина електронски
ограничена на 250 km/h. Интересно е што забрзувањето до темпо 100 ќе биде близу
до она на супер спортистот R8 од 4,6 секунди.
Затоа максималната брзина е електронски ограничена, бидејќи во
спротивно TTRS би се доближил премногу до R8 и неговите
301 km/h со што потенцијалниот купувач би бил исправен пред
проблемо зожто да одвои толку многу пари за слични перформанси кои доаѓаат од
иста марка.
Стартот на продажбата на TTRS е закажана
за на лето во 2009, точно една година од стартот на продажбата на TTS, а цената
би требало да врти некаде околу 50.000 евра.
|