Продажбата на трите премиум германски марки Audi,
BMW и Mercedes во текот на минатиот месец бележи интересни резултати
кои ги изненадуваат дури и познавачите на проблематиката.
Најголемите производители на луксузни автомобили BMW и Mercedes бележат значителен
пад во продажбата. Причината лежи во намалениот интерес на купувачите од САД и земјите од Западна Европа.
Продажбата на Mercedes во октомври бележи
пад од 21%. Интересно е што во исто време Smart бележи
раст на продажбата од 6,5%. Падот на продажбата на BMW е помал. Баварците запишуваат минус од 9,2% за октомври.
Пад на продажбата бележи и Mini иако со
3,4% падот е значително помал од оној на принципалот BMW. Експертите
во BMW претпоставуваат дека падот на продажбата на Mini е поради
очекувањата на купувачите за освежената кабрио изведба која е
најавена за почетокот на 2009.
И додека во BMW и Mercedes
загриженоста полека почнува да расте Audi го нема тој
проблем. Изненадувачки, но Audi во текот на октомври не ја почувствува кризата.
Ова важи и за целата 2008 поради што голема е
веројатноста Audi да ги оствари своите планови и годината да ја заврши со
1 милион продадени возила.
Продажбата на Audi во текот на
октомври бележи раст од 7,2%. Пазарите кои најмногу допринеле за растот на Audi во овој
критичен месец се Кина и Италија.
Со завршувањето на октомври производителот од Инголштад на
купувачите им испорачал 844.700 автомобили со што вкупната продажба во текот на
годината забележала раст од 3,3%.
„И покрај лошата економска состојба ние газиме по
зацртаниот пат во текот на 2008 и очекуваме годината да ја завршиме со 1 милион
продадени возила,” изјавува шефот за продажба на Audi, Петер
Шварценбауер.
|