Toyota
во Франкфурт премиерно го претстави концептот на нов
хибриден модел изграден на основата на Auris кого го нарече Auris
HSD Full Hybrid и чиво сериско производство е повеќе од извесно.
Без оглед што од Toyota го претставуваат како концепт Auris
HSD Full Hybrid во основа е верна копија на сериската верзија на
автомобилот која што купувачите од стариот континент ќе ги дочека во продажните
салони во втората половина на 2010.
Најновиот хибрид на Toyota, Auris
HSD Full Hybrid создаден специјално за Европа го користи
хибридниот погон од последната генерација Hybrid Synergy Drive кој
работи во новата генерација на Prius со бензинец од 1.8 литри и електромотор.
Придобивката од хибридниот погон кај Auris HSD Full Hybrid е изразенета економичност со просечна потрошувачка од околу 4 литри на 100
изминати километри и емисија на СО2 од помалку од 100 g/km.
Покеај нагласените зелени предности на хибридниот погон Auris HSD Full Hybrid на купувачите ќе им понуди одлични возни својства и перформанси над нивото
на Prius. Пример: забрзувањето до темпо 100 е околу 10 секунди.
Auris
HSD Full Hybrid ќе нуди поголема автономија при возење само со
електричен погон која се должи на користењето на сончеви ќелии за напојување на
периферните агрегати кои обично се големи потрошувачи на енергија.
Фотоволтаичните ќелии се поставени во кровот на Auris HSD Full Hybrid и внатре на арматурата. Тие на кровот ќе се грижат за обезбедување на
доволно количество енергија за работа на клима уредот, додека тие на арматурата
ќе ги напојуваат мобилните телефони или музичките и плеери кои ќе се
поставуваат во наменски предвидените отвори.
Auris
HSD Full Hybrid на возачот му нуди три режими на возење Eco, Power и EV со кои во зависност од потребите максимално се искористува снагата на
хибридниот погон и следствено се намалува потрошувачката.
Toyota пласираше информација дека Auris
HSD Full Hybrid ќе се произведува во нивната фабрика во Велика
Британија, а цената би требало да биде малку пониска од онаа на актуелниот Prius.
|