Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Auris Hybrid доаѓа на 1 јули
12.05.2010

Toyota одлучи да го стартува производството на својот најнов хибриден модел Auris HSD – Hybrid Synergy Drive во Велика Британија, а продажба стартува точно на 1 јули во Британија и во остатокот од Европа.

toyota-auris-hsd-2010-1

Auris HSD ќе се произведува во фабриката на Toyota во Б`рнастоун во Дербишир, а хибридниот систем ќе доаѓа од фабриката на Toyota за производство на погонски едниници во Диисајд во Северен Велс.

Auris ќе го користи хибридниот погон од Prius, а неговата предност е што всушност тој на лик е обичен компакт е прв во својата класа којшто покрај класичните бензински и дизел мотори ќе се нуди и во хибридна варијанта.

Во фабриката во Б`рнастоун веќе неколку години се произведуваат класичните верзии на Auris, но веќе подготвениот персонал кој ќе работи на Auris HSD морал да оди на дополнителна обука и да полага курсови за квалификација за да моќе безгрешно да ја склопува новата модификација на Auris.

Потребите на хибридните автомобили бараат поголема стручност и поголема посветеност при производство бидејќи се поделикатни и кај нив по правило се подкраднуваат помалку грешки.

Одговорните за производство на Auri HSD пресметале дека за производство на еден примерок се потребни 11 минути повеќе во споредба со времето кое е потребно за производство на обичниот Auris.

Податокот што најмногу ги интересира купувачите се цените. Тие сеуште не се објавени, но најавено е дека ќе бидат за нијанса пониски од оние на Prius.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook