Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Auris со три врати дојде во Европа
05.07.2007
auris-3-door-1Новата три вратна верзија на Toyota Auris веќе е претставена во Европа, автомбил кој на другите пазари ќе вози под веќе исконското име на супер издржливата и трајна Corolla.

Моделот со три врати нуди слично ниво на простор во кабината како и моделот со пет врати благодарение на идентичното меѓуоскино растојание и доаѓа со електронска програма за стабилност ESP и CD со MP3 во серија.

Моторската понуда е иста како и кај верзијата со пет врати што значи дека основниот модел го движи 1.4 литарец со VVT-I врзан со пет степен мануелен менувач. Потоа следи уште еден бензинец од 1.6 литри и неколку дизели со зафатнина од 1.4 до 2.2 литри.

Toyota го води овој модел како поспортска верзија и затоа планира вградување на помоќен бензинец се шпекулира дури и за V6 и погон на четири тркала.

Auris со три врати е подостапен избор бидејќи основниот модел ќе чини околу 700 евра помалку од еквивалентен модел со пет врати.

auris-3-door-2

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook