|
13.07.2009 |
Дали навистина прикажаниот автомобил е Mercedes SLS AMG Gullwing? Од германскиот неделник AutoBIld велат дека тое е вистинскиот автомобил кого ќе го видиме на салонот во
Франкфурт.
Фотографиите се скенирани од насловната страница на
најновото издание на неделникот. Сепак, без оглед на тврдењата, тешко е да се
каже дека Gullwing
е претставен
во неговиот конечен облик.
Но, да ги тргнеме полемиките настрана бидејќи на крај тие
и не се толку битни. Она што е важно е дека без оглед на доверливоста на информацијата
сериската верзија на Mercedes
SLS AMG Gullwing најверојатно ќе биде слична на прикажаниот
автомобил.
Mercedes
SLS AMG Gullwing како што пишувавме е развиен со заеднички сили на AMG и на Mercedes под хаубата ќе носи монструм од 571 КС, за 3,8 секунди ќе стигнува до
темпо 100 и ќе тера до максимални електронски ограничени 315 km/h.
|