|
02.10.2007 |
Subaru по правилото „зграпчи и вози” ги доведува возните
својства на својата нова Impreza до екстрем со кампања која во октомври старува во Велика
Британија.
Кампањата под наслов Subaglue или
субалепак се заснова на три модели на Impreza кои стојат на
платформа на шлепер и три модели што висат наопаку и се закачени директно под
нив.
Камионот постојано се движи по улиците што најверојатно
ќе предизвика значителен метеж меѓу возачите. А токму тоа е она што и е
потребно на новата Impreza.
Единствено неможеме да сватиме како успеале да ги закачат
автомобилите наопаку? Ги поставиле на конструкција и ги зашрафиле и потоа ја
свртеле плочата или навистина станува збор за некаков субалепак.
Уште повеќе не изненадува фактот што оваа откачена кампања
е дозволена од сторгите британски регулатори кога е во прашање безбедноста.
Како и да е браво за Subaru и неговите
експерти за маркетинг.
Посакуваме ова чудо да го видиме и на нашите патишта што
поскоро.
|