|
Евидентно е дека русите учат неверојатно брзо од својот стратегиски партнер Renault и по долги години загуби веќе во второто три месечје од годината AvtoVAZ бележи заработувачка.

Интересно е што рускиот автомобилски гигант ја заврши фискалната година 2009 (која зврши во март 2010) со загуба од 85 милиони американски долари. И веќе во второто тримесечје од годината односно првите три месеци од фискалната 2010 бележи добивка од 32,7 милиони американски долари.
Продажбата на AvtoVAZ, односно на Lada во вториот квартал на 2010 бележи раст од 108,2% што само по себе претставува неверојатна бројка за рускиот производител на автомобили.
Скокот на продажбата е директен одговор на новите мерки од програмата за стимулирање за купување на нов автомобил која ја воведоа руските власти и преку 40% од купувачите одлучиле да ги искористат повластувањата.
Од AvtoVAZ не сокриваат дека најголемиот број продадени нови возила и припаѓаат на групата на евтини и застарени модели на Lada, но сепак, тоа говори за успехот на програмата која воедно и овозможува на компанијата полесно да влезе во развој на нови модели.
Иако задоволен од програмата која очигледно вроди со плод рускиот премиер Владимир Путин на извршниот директор на AvtoVAZ, Игор Комаров му препорача да ја модернизира компанијата, да го подобри квалитетот и да заборави на недоделканиот дизајн на автомобилите на Lada.
Комаров како одговор на барањата на премиерот веќе формираше развоен тим од 500 луѓе кои плански ќе одат на обука во фабриките и развојните оделенија на Renault со цел да ги пренмесат искуствата стекнати кај французите.
Колку за потсетување во 2007 Renault купи 25% од акците на AvtoVAZ за околу 1 милион долари, а со Nissan веќе инвестираа во нови погони во склоп на AvtoVAZ во кои ќе се произведуваат нивните модели.
|